Сугарески: За обнова на 26 патни правци ќе инвестираме 86 милиони евра

Од:

Осумдесет и шест милиони евра ќе бидат вложени во обнова на 26 патни правци, дел автопати, а поголем дел регионални, во вкупна должина од 420 километри, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Реконструкцијата на патната мрежа ќе се одвива во наредните година – две.

– Голем дел од овие патишта ги ветивме во нашата програма, а дел се нови за кои обезбедивме средства од меѓународни финансиски институции, рече Сугарески на прес-конференција во Владата.

Со инвестицискиот циклус за обнова на патиштата е предвидена обнова на автопатските делници Миладиновци-Петровец, во должина од осум километри, со проценета вредност од 1,5 милиони евра, Хиподром-Петровец и Миладиновци-Хиподром од кои делници ќе се обновуваат по 10 километри со инвестиција од по 4 милиони евра.

Како што информира Сугарески, ќе се проширува левиот коловоз и ќе се обновуваат двата коловоза на патот Катланово-Петровец во должина од 6,5 километри со проценета вредност од 5 милиони евра, а по шест милиони евра ќе бидат инвестирани за обнова на 18 километри од патот Пробиштип – Крупиште и на третата лента на патниот правец Фаришка клисура Прилеп во должина од 23 километри. Четири милони евра ќе изнесува реконструкцијата на 20 километри од патниот правец Маврови анвои – Жировница, а 3 милиони евра на патот Штип-Радовиш во должина од 20 километри. Ќе се обновуваат и 13 километри од патот Кривогаштани-Крушево (два милиони евра), 16 километри од делницата Карпалак -Желино (2,5 милиони евра).

По три милиони евра, според најавата, ќе бидат вложени за обнова на патот Скопје-Блаце во должина од 12,5 километри, Крива Паланка – Ранковце во должина од 21 километар, како и Подмолје-Струга-Ќафасан во должина од 19 километри.Најавена е реконструкција и на патиштата Куманово-Свети Николе во должина од 18 километри, и Крушево-Демир Хисар, во должина од 24 километри на кои делници ќе се инвестираат по 3,5 милиони евра за реконструкција на 20 километри на патот Куманово-Велес се предвидени 3,2 милиони евра. Во планираните за обнова се и делниците Велес-Градско-Неготино-Демир Капија во должина од 25 километри и проценета вредност од 4 милиони евра, Другово -Демир Хисар во должина од 42 километри и вредност од 7,5 милиони евра. Патот Кичево-Макеоднси Брод во должина од 25 километри исто така дел од пакетот планиран за обнова и таму ќе бидат вложени пет милиони евра.

Како што потенцираше Сугарески, програмска определба на Владата е квалитетно подобрување на патната мрежа во Македонија и подигнување на безбедноста на патиштата на повисоко ниво.

– Ќе продолжиме со реконструкција и изградба на сите патишта со состојбите кои ги затекнавме и за кои веќе информиравме за настанатите проблеми. Целиот овој период го поминавме во отстранување на таквите состојби за да може во наредниот без никакви проблеми да течат изградбите на терен, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска