Најголема грешка која се прави при изгореници

Од:

Преовладува мислењето дека врз изгорениците треба да се пушти студена вода за кожата да се излади и на тој начин да се спречи создавање пликови. Сепак студијата објавена во едно списание кое се занимава со естетска хирургија покажува дека тоа не е точно.

Се покажало дека топлата вода го намалува оштетувањето на ткивото и помага при воспоставување нормална циркулација во повредените делови. Имено, во текот на 24 часа од повредата кај идентични изгореници кои се третирани со топла вода повредите биле поповршински.

– Студената вода помага при намалување на чувството на болка бидејќи ја лади кожата и нервните завршетоци. Меѓутоа, по 20 минути се појавува болка бидејќи температурата на кожата била премногу ниска, изјави Рето Витстајн, пластичен хирург од Базел.

Веднаш по настанувањето на изгорениците треба да се пушти студена вода, но само на кратко, а потоа потопла за да се поттикне циркулацијата. Препорачлива температура на водата е од 20 до 30 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска