Екипата на Ренова постигна победа од 3:1 против Академија Пандев на првиот дуел од 13. коло од Првата фудбалска лига одигран попладнево во Тетово. Ова е шестиот натпревар на домашен терен, на кој екипата на Ренова нема пораз.
Ренова поведе во 27. минута со голот на Арѓент Гафури, а на 2:0 зголеми Ненад Мишковски во 36. минута. Три минути подоцна беше 3:0 за домашниот тим со голот на Бразилецот Лукао. Голот за Академија Пандев го постигна Ѓорѓи Марков во 86. минута.
Утре се играат другите дуели од 13. коло: Скопје – Пелистер, Силекс – Вардар, Работнички – Шкупи и Победа – Шкендија. Почетокот на дуелите е во 13:30 часот.
Табела: Шкендија 28 бодови, Академија Пандев 21, Вардар 19, Силекс 18, Ренова 17, Шкупи 15, Работнички 13, Пелистер 12, Победа 12, Скопје 6.