Џиновско „глуварче“ ќе лови мини во Авганистан

Од:

Џиновско глуварче ќе „лови“ мини во Авганистан, пишува францускиот весник „Фигаро“.

Новата технологија е дело на 29-годишниот Авганистанец Мадус Хасани, со прибежиште во Холандија.

Ловецот на мини е направен од 150 бамбусови дрва, кои формираат топка. На врвот на секој од бамбусите се наоѓа пластичен диск со големина на фризби, прикачен со пластичен зглоб.

Откако сите елементи ќе се монтираат, уредот со дијаметар од околу два метри, наликува на џиновско глуварче.

Глуварчето-ловец на мини е придвижувано од ветерот, а кога некое од „пипалата“ ќе згазне на мина таа се активира. Во внатрешноста на металната централна област се наоѓа ГПС уред, кој го документира патот на „глуварчето“ и местата на кои активирало мини. Подоцна врз основа на овие податоци со прави мапа. Бамбусовите стапчиња лесно се заменуваат со нови по експлозијата на мините. Засега технологијата се наоѓа во фаза на прототип.

Од 1989 година досега во Авганистан се откриени и отстранети 650.000 противпешадиски мини, 27.000 противтенковски мини и над 15.000 други експлозивни направи, според податоците на финансираниот од ОН Центар за дејствување против мини во Авганистан.

Сепак во земјата има 5.223 ризични зони, кои опфаќаат површина од 588 квадратни километри, што го загрозуваат животот на 750.000 лица. Најмалку 812 лица, половината од кои деца, загинаа или се повредени од мивни во 2011 година. Податоците за 2012 година се уште не се објавени.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан