Регионалната Влада на Курдистан соопшти дека се уште ги држи „замрзнати“ резултатите од спроведениот референдум за независност, за да овозможи продолжување на дијалогот со Багдад и да се избегне понатамошно насилство.
– Судирите кои продолжуваат нема да ја доведат ниту една страна до победа, а ќе ја турнат државата кон безредие и хаос, што ќе ги погоди сите аспекти на животот, стои во соопштение на регионалната Влада објавено синоќа.
Курдските лидери предлагаат итен прекин на огнот во Курдистан, замрзнување на резултатите од референдумот и почеток на отворен дијалог со централната Влада во Багдад, базиран врз ирачкиот Устав.