Висок функционер на либиските безбедносни сили е киднапиран од вооружени лица во градот Бенгази.
Вооружените лице, кои не биле маскирани, синоќа му го попречиле патот на автомобилот на потполковник Абдул-Салем ал Махдави, шеф на одделот за криминална истрага во Бенгази и го однеле во непознат правец, се наведува во соопштението.
Инцидентот се случува само два месеца откако шефот за безбедност во Бенгази беше убиен пред неговиот дом.