Лавров го повика Ирачки Курдистан на дијалог со Багдад

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика властите на Ирачки Курдистан на дијалог со Багдад за да се избегне појава на нови „извори на нестабилност“.

– Ги разбираме тежнеењата на курдскиот народ кои се однесуваат на јакнење на нивниот идентитет… Но сметаме дека исполнувањето на тие тежнеења може да биде спроведено само по пат на дијалог со ирачката Влада, наведе Лавров на заедничката прес-конференција со шефот на ирачката дипломатија Ибрахим ал Џафари.

Лавров, исто така, рече дека треба да се земе предвид значењето на курдското прашање на регионално ниво за да се избегне создавање други извори на нестабилност во регионот.

Изборната комисија на Курдистан денеска соопшти дека ниту една од политичките партии во Ирачки Курдистан не предложи кандидати, поради што изборите за претседател и за регионалниот Парламент ќе бидат одложени. Изборите требаше да се одржат на 1 ноември, а рокот за поднесување кандидатски листи беше поставен минатата недела, а потоа продолжен до денеска.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот