Аргентинецот Хуан Дел Потро и Шпанецот Фернандо Вердаско ќе се сретнат во второто полуфинале на АТП турнирот во Стокхолм.
Ова е епилогот по синоќешниот последен четвртфинален меч на кој Вердаксо со 2-0 во сетови го победи Кевин Андерсон од Јужна Африка. И двата сетра бе арешени на тај-брејк.
Претходно беше формирана првата полуфинална двојка. Неа ја сочинуваат Григор Димитров (Бугарија) и Фабио Фоњини (Италија).
Полуфиналната програма на АТП турнирот во главниот град на Шведска почнува во 13 часот.