Владата на Ирачки Курдистан денеска го поздрави повикот на премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади за дијалог за решавање на кризата, предизвикана од рефереднумот за независност во автономната област.
Абади повика на дијалог во вторникот и истакна дека референдумот, на кој огромно мнозинство од Курдите гласаа за независност, е „факт кој останал во минатото“.
Кризата меѓу Багдад и Арбил – главниот град на Ирачки Курдистан, дополнително се заостри по офанзивата на ирачките владини сили на почетокот од неделава во која го заземаа Киркук и други спорни области во северниот дел на Ирак.