Прилеп викендов домаќин на второто меѓународно рели со џипови „Macedonian trophy“

Од:

Прилеп во сабота и недела (21 и 22 откомври) е домаќин на вториот по ред меѓународен натпревар со џипови „Macedonian trophy“. На полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово ќе се натпреваруваат околу 200 учесници од Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Македонија, соопшти на денешнта прес конференција организаторот на релито „Off road“ клубот од Прилеп.

Според претседателот на клубот Панчо Чупаркоски, ова е единствениот ваков меѓународен натпревар што се одржува во Македонија.

– Лани, на првото одржување на „Macedonian trophy“ одекот беше одличен. Ги исполнуваме сите станарди за оржување на ваков тип меѓународни натпреварувања. Публиката првпат виде што значи еден екстремен натпревар, едно трофи. Оваа година имаме пријавено поголем број учесници. Натпреварот ќе го подигнеме на уште повисоко ниво како професионалн настан, што значи дека натпреварот ќе се одвива според сите европски стандарди. Досега имаме најавено околу 200 учесници од балканските држави. Најголемиот број доаѓаат од Бугарија, а имаме гости и од Србија, Албанија, Косово и од Македонија, рече Чупаркоски.

Натпреварувањата ќе се одвиваат во два дена, в сабота и в недела. В сабота се возат 30 километри, а в недела по 4 километри и за двата дена се тргнува од полигонот кај Старо Лагово, појаснува Чупаркоски.

– В сабота натпреварувачите се собираат во центарот на Прилеп и се упатуваат кон полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово. Ќе се возат 30 километри со читање книга, што значи совозачот ќе го упатува возачот во која насока да вози. Во 30-те километри се предвидени седум специјали. Тоа се кратки, тешко минливи патеки за што мора добро да бидат синхронизирани возачот и совозачот и за пократко време да ја поминат патеката рече Чупаркоски.

Тој појасни дека се тргнува од центарот на градот, преку полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово, кон селото Селце, оттаму преку месноста Шаторов камен под Селечка Планина и рели-возачите се враќаат на пологонот во Старо Лагов.

Се вози во три категории: „trophy“ категоријата е најекстремна за што е потребна специјална опрема, потоа „адвенчер“ категодијата и третата е хоби или „туристичка“ категорија на возење на џиповите.

В недела на полигонот е предивидена затворена патека од 4 километри на која возачите со своите совозачи ќе се борат да освојат најдобро време.

– Се надеваме дека догодина натпреварувањето ќе се бодува во меѓународните натпреварувања, објаснува Чупаркоски. Покровител на натпреварот е општина Прилеп, а градот и Македонија докажаа дека имаат терени со меѓународни стандарди за ваков вид натпреварувања. Ова е своевидна промоција на Прилеп и Македонија како спортаско-туристичка дестинација кога се во прашање екстремните, возбудливи спортови, вели Чупаркоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка на рели: Автомобил влетал во публика, загинал навивач, а 14 други се повредени

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пијан возач упадна на рели трка во Хрватска, ќе се судреше со натпреварувач

ВИДЕО: Се степаа на рели патека, едвај се спасија пред автомобил кој се движеше со голема брзина

Ана Ололовска

Нова трагедија на рели трките: Двајца Шпанци со возилото се забија во дрво

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: На нелегална улична трка, возач влета во група гледачи и побегна