Канадскиот тенисер Милош Раониќ нема да настапи на Мастерс во Париз, соопшти денеска организаторот на турнирот.
Раониќ се уште закрепнува од повредата што ја прими во Токио и не е во состојба да настапи на турнирот во францускиот главен град.
Откажувањето од овој турнир значи автоматски крај на сезоната за во моментов 12-от светски играч, бидејќи ќе остане без шанса да се квалификува на последниот годинешен Мастерс во Лондон.
Порано од очекуваното, сезоната заврши и за Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Сатн вавринка и Кеи Нишикори.