„Газпром“ изгради половина од првиот дел од „Моќта на Сибир”

Од:

„Газпром“ изгради половина од првиот дел од „Моќта на Сибир”, информираат од компанијата.

Во овој момент се изградени повеќе од 1.095 километри гасовод или 50,7 проценти. Претходно беше соопштено дека до крајот на 2017 година ќе бидат изградени повеќе од 1.300 километри гасовод.

Русија и Кина, по десетгодишни преговори, во мај 2014 година, потпишаа договор за гас за рок од 30 години, вреден 400 милијарди долари.

Договорот предвидува Русија да ја снабдува Кина со 38 милијарди метри кубни гас годишно преку источниот гасовод „Моќта на Сибир“, кој минува преку Сибир и стигнува до кинеските населени североисточни региони.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

A1on

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

A1on

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он