Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн е среќен по бодот освоен на дуелот со Реал во Мадрид во 3. коло од Лигата на шампионите.
– Среќни сме што освоивме бод на теренот на Европскиот шампион. Ако некој ни понудеше реми на „Сантијаго Бернабеу“ сигурно дека ќе прифатевме. Сега сме во добра ситуација. Имаме седум бода, шест повеќе од конкурентите, на половина од групната фаза. Тоа покажува дека напредуваме како клуб, изјави Кејн.
Тотенхем синоќа одигра 1:1 со Реал Мадрид и сега двете екипи имаат по седум бодови, во групата со Борусија Дортмунд и АПОЕЛ кој по три рунди освоија само по еден бод.