Полицијата на Перу соопшти дека запленила 1,3 тони кокаин скриен во контејнер на пристаниште во близина на Лима и дека уапсила 17 лица.
Групата шверцери на дрога ја предводел Мексиканец, а ја финансирал Бразилец, соопшти полицијата.
Дрогата требала да биде префрлена во Мексико, а потоа во САД со помош на мексиканскиот картел за наркотици Синалоа, соопштија доцна синоќа властите на Перу. Апсењата беа истовремено спроведени во неколку перуански градови, а меѓу уапсените е локално познатиот шверцер, Бразилецот Нелсон Добинс Робељо.
Перу е еден од најголемите производители на кокаин со 400 тони дрога годишно и приход од 8,5 милијарди долари.