Манчетсер Сити го победи Наполи во дербито на синоќешните дуели од третото коло во фудбалската Лига на шампиони и се наоѓа на чекор до обезбедување пласман во следната фаза.
„Граѓаните“ заедно со Бешикташ имаат максимални 9 бода по трите рунди во елитното натпреварување.
Другиот дуел кој исто така може да се нарече дерби на колот се одигра во Мадрид меѓу Реал и Тотенхем и заврши нерешено 1:1.
Највисоката победа ја оствари Ливерпул на гостувањето во Словенија кај Марибор, убедлив беше и Спартак Москва на средбата со Севиља.
Резултати и табели по групи:
Група Е: Марибор – Ливерпул 0:7, Спартак Москва – Севиља 5:1.
Табела: Ливерпул 5 бода, Спартак 5, Севиља 4, Марибор 1.
Група Ф: Манчестер Сити – Наполи 2:1, Феенорд – Шахтјор 1:2.
Табела: Манчестер Сити 9 бода, Шахтјор 6, Наполи 3, Феенорд 0.
Група Г: Монако – Бешикташ 1:2, Лајпциг – Порто 3:2.
Табела: Бешикташ 9 бода, Лајпциг 4, Порто 3, Монако 1.
Група Х: Реал Мадрид – Тотенхем 1:1, АПОЕЛ – Борусија Дортмунд 1:1.
Табела: Тотенхем 7 бода, Реал М. 7, Борусија Дортмунд 1, АПОЕЛ 1.