Истражувањето објавено во списанието „Еволушанари Псајколоџи“ (Evolutionary Psychology) тврди дека вашиот глас може да открие доколку го изневерувате партнерот, па дури и ако тоа сте го направиле претходно.
Истражувачите Сузан Хјус и Мариса Харисон пуштиле аудио снимки на 10 мажи и 10 жени кои броеле од еден до 10, по што од учесниците барале да донесат заклучок за секоја личност чиј глас го чуле.
Утврдено е дека без каков и да е друг контекст и без разлика на содржината, може многу да се заклучи за личноста само врз основа на нејзиниот глас, вклучувајќи ги полот, расата. општествениот статус, карактерни особини, а понекогаш дури и висината, тежината, дали нивното лице е симетрично, но и дали го изневерувале партнерот.
– Гласот пренесува важни информации поврзани за успехот во спорт и сексуалното однесување. Половина од учесниците признале дека имале сексуален однос со личност со која не се во врска, односно дека изневерувале, додека другата половина рекле дека никогаш не ги изневерувале своите партнери. Откривме дека учесниците навистина ги препознаа оние кои имале историја на изневерување, наведуваат истражувачите.
Тие не знаат поради што луѓето се толку добри во читање гласови, но претпоставуваат дека тоа има врска со вокалните знаци или во прашање е чиста интуиција.
– Вокалните знаци, како јасност на артикулацијата, исто така придонесуваат за перцепцијата на неверство. На пример, мажите покажуваат помала јаснотија во својот говор и покажуваат фонетски обрасци кои упатуваат на мажевност, што може да значи закана од изневерување, заклучуваат истражувачите.