Дербито на 10. коло од Првата фудбалска лига што се игра утре на Националната Арена „Филип Втори“ ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје, а помошни судии ќе бидат Гоце Петрески и Игор Ширилов.
Марјан Ецкоски од Охрид ќе го суди натпреварот во Струмица меѓу Академија Пандев и Шкупи.
Дуелот Скопје – Силекс ќе го суди Стојанче Стојанов од Штип, додека неговиот сограѓанин Крумислав Ѓорѓиев ќе биде главен судија на натпреварот Пелистер – Победа.
Александар Ставрев ќе го суди дуелот Ренова – Работнички.
Сите натпревари се играат утре (сабота) со почеток во 14:30 часот.