Фелипе: Вардар може да и се реваншира на Шкендија за поразот во првото коло

Од:

Бразилскиот интернационалец во редовите на Вардар, Хуан Фелипе Алвес Рибеиро, очекува тежок дуел против Шкендија во дербито од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. Сепак, Фелипе кој е голем оптимист, верува дека Вардар може да и се реваншира на тетовската екипа за убедливиот пораз во првото коло во кое Шкендија победи со 2:0.

– Играме против првопласираниот тим на табелата. Шкендија има многу добар и силен тим, но ние сакаме да победиме и со три бода да им се доближиме на првата позиција. Исто така, и Вардар е силна екипа и верувам дека ќе оствариме победа, и на некој начин ќе им вратиме за поразот во првото коло. Играме на домашен терен, ја поканувам публиката да дојде во поголем број и да биде 12-ти играч на ова дерби за да дојдеме до трите бода, изјави Фелипе.

Фелипе се надева дека серијата победи во првенството ќе продолжи и на ова дерби.

– Не само против Шкендија, туку против секој тим секогаш одиме на победа. Секој натпревар во овој шампионат е важен за повторно да ја освоиме титулата. Нашата цел е да бидеме на првото место на крајот од сезоната и затоа на овој натпревар како и на сите одиме на три бода, дополни Бразилецот.

Дербито меѓу Вардар и Шкендија ќе се игра во сабота од 14:30 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, дуел со кој практично ќе започне вториот круг од шампионатот.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он