Фудбалерките во норвешкиот национален тим ќе бидат платени подеднакво колку и нивните машки колеги, откако Норвешката фудбалска асоцијација одобри нов финансиски пакет, кој ќе биде воведен на почетокот од следната година.
Мажите се согласија да им бидат намалени платите со цел да се израмнат со жените, и фудбалскиот национален тим, без разлика дали е машки или женски ќе добива по 964.000 долари.
Пред да биде постигнат новиот финансиски договор, женскиот тим добиваше вкупно 500.000 долари, а машкиот 1.055,000 долари, и покрај фактот што фудбалерките континуирано имаат подобри резултати од фудбалерите.