Максимов конечно ќе може да заигра за Вардар

Од:

Младиот руски фудбалер Максим Максимов конечно ќе може да заигра за македонскиот шампион Вардар.

Максимов конечно доби делумна дозвола од ФИФА со која му се овозможува на русинот да настапува за Вардар во домашното првенство, но не и во Лигата на Европа.

21-годишниот Максимов, летово, на последниот ден од преодниот рок, потпиша за Вардар,но неговиот доскорешен клуб литвански Тракаи го оспори трансферот.

Рускиот напаѓач реши сам да го откупи договорот, по што поднесе и жалба до арбитражата на комисијата за статус на трансфери на ФИФА, која конечно беше прифатена, но делумно.

Поради проблемот со регистрацијата, Максимов не можеше да биде пријавен за настапите во Лига Европа, но затоа уште во првиот дел од сезоната тој ќе биде големо засилување на вардарци во Првата македонска фудбалска лига.

Дали младиот русин ќе биде и дел од тимот на Вардар во претстојното големо дерби против Шкендија останува да се види. Дуелот Вардар – Шкендија ќе се игра во сабота на Националната арена „Филип Втори“ со почеток од 14 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он