Сугарески се сретна со претставници од авиокомпанијата ОнурЕр

Од:

Можностите и условите за воспоставување нова авиолинија на релација Охрид – Истанбул беа тема на разговор на денешната работна средба во Скопје меѓу министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и претставници од авиокомпанијата ОнурЕр.

Министерот Сугарески, информираат од Министерството за транспорт и врски, ги презентираше условите што ги нуди Република Македонија на авиокомпании кои се заинтересирани да оперираат од двата аеродроми.

Тој потенцираше дека развојот на авиосообраќајот е приоритет на Владата на Република Македонија и во таа насока политиките на Министерството за транспорт и врски ќе се движат кон обезбедување на широка мрежа на дестинации во Европа и светот.

– Имав плодна средба со претставниците на авио-компанијата ОнурЕр. Тие ги образложија плановите за ширење на нивната мрежа и во Република Македонија преку воспоставување на нови линии. Ние како Влада имаме обврска да се залагаме за развој на авиосообраќајот и во таа насока ќе дадеме поддршка на секоја авиокомпанија што сака да оперира во Република Макједонија, изјави министерот Сугарески.

На средбата се отвори и прашањето за заголемување на капацитетите на искористеност на аеродромот Св Апостол Павле во Охрид..

– Во таа насока, Владата на Република Македонија воспоставува политики за развој на ависообраќајот и обезбедување на подобри услови за граѓаните и сите други чинители во воздухопловната дејност во Република Македонија, истакна Сугарески.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска