Наградата Златен стрип за Фран Струкан и Дарко Мацан од Хрватска

Од:

Наградата на Стрип центарот на Македонија од Велес ќе ја добијат Фран Струкан за цртеж и колор и Дарко Мацан од Хрватска за сценариот за стрип делото „Кај Урар“.

– Ова е одлуката на комисијата на Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес, а ќе биде доделена во силна конкуренција од 192 стрип дела од цел свет, информира Томе Трајков од Стрип Центарот на Македонија.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на свеченото отварање на 15-от Интернационален салон на стрип „Велес 2017“, што ќе се одржи од 13 до 15 октомври во Велес.

На свеченото отворање во Велес ќе бидат врачени и втората награда за стрипот „Борба“ на Дражен Ковачевиќ и Марко Стојановиќ од Србија и за стрипот „Мртвиот Срѓа“ на Урош Урошевиќ од Србија.

Третата награда за стрипот „Како светот ги доби боите“, ќе ја добијат Игор Крстиќ и Ненад Пејчиќ од Србија и за стрипот „Вчера, денес, утре“ ќе ја добие и Дражен Бркиќ од Хрватска.

Второнаградениот Дражен Ковачевиќ од Србија за истиот стрип „Борба“ ќе ја добие и наградата за најдобар цртеж.

Александар Стеванов од Македонија за стрипот „Мачорот кој сакаше да биде крал на светот“ ќе ја прими наградата за најдобро сценарио.

Наградата за уметнички израз во стрипот ќе ја добие Кирси Салонен од Финска за стрипот „Несоница“.

Воедно на четворица стрип автори ќе им бидат доделени специјалните награди од организаторот. Ќе бидат врачени и наградите за дебитантски стрип и за најдобар учесник во категорија до 15 и категорија до 18 години, наградата за најмлад учесник и наградата за соработка.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он