Нобеловците од ИЦАН ги повикаа Трамп и Ким да престанат со заканите за нуклеарна војна

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун треба да знаат дека атомските бомби се незаконски, дека заканата со употреба на нуклеарно оружје е незаконска и дека неговото ширење треба да се спречи, изјави денеска извршната директорка на Меѓународната кампања за забрана на нуклеарното оружје (ИЦАН), Беатрис Фин.

– Не смееме да се закануваме со убивање на стотици илјади луѓе во име на безбедноста. Така не се гради безбедност, изјави Фин на денешната прес-конференција, одржана откако Нобеловиот комитет објави дека ИЦАН е добитник на Нобеловата наградата за мир за 2017 година.

Според Фин, постапките на Трамп и неговите јавни расправии со Ким Џонг-ун го соочиле светот за заканата од употреба на нуклеарно оружје.

ИЦАН беше формирана во 2007 година, како здружение на над 400 организации од стотина држави, кои укажуваат на опасноста од ширењето на нуклеарното оружје.

Би можело да ве интересира

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски