САД откажаа воени вежби поради Катар

Од:

Поради дипломатската криза меѓу заливските држави и Катар, американската армија откажа воени вежби, соопшти Пентагон.

Централната американска команда соопшти дека се откажани одделни воени вежби поради влошување на концептот на инклузивност и регионалните интереси.

Портпарол на Централната американска команда изјави дека, САД ќе продолжат да ги охрабруваат партнерите да работат заедно, со цел изнаоѓање решенија што се потребни за безбедноста и стабилноста на регионот.

Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет прекинаа дипломатски односи со Катар во јуни, обвинувајќи го за поддршка и финансирање тероризам. Катар негира и смета дека обвинувањата се политички мотивирани.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија