Со доволно пари секој може да биде посебно креативен во изборот на одмор во зимскиот период.
Ви ги претставуваме патувањата на кои ќе посакате да заминете доколку сакате активни, а креативни одмори.
Шведска – Хотел од мраз
Во Шведската покраина Лапланд е изграден 23-от хотел од мраз што се наоѓа на 17 километри од Кирун. Целото здание е направено од мраз, додека креветите се покриени со душеци од кожата на ирвас. Но, за да можете во него да преноќите, потребно е да имате вреќи за спиење кои ќе ве греат во токот на ноќта. Хотелот има и смрзнат бар, па дури и смрзната црква за венчавки.
Салцбург – Божик и прослава на раѓањето на Амадеус
Салцбург има посебен „шмек“ по Божик. А во него има уште една причина да го посетите во доцна зима- прославата на раѓањето на Волфанг Амадеус Моцарт. Секоја година во неделата на неговиот роденден овој австриски град е домаќин на музичкиот фестивал што му е посветен на овој гениј.
Исланд – зимски кајтинг
Во Мидгард, на Исланд, во понудата се опишува посебна зимска идила. Снежниот кајтинг е токму тоа што сте помислиле – скијачи на кајт, како оној воден, но и скијање на снег.
Шкотска – зимски тренинг за преживување во дивина
Во Сасекс, во Шкотска, Канада и Шведска постојат курсеви за преживување на температури од -50°Ц. Атмосферата ја надполнуваат ирваси, волци и мечки. Таму заинстересираните учат за ловење риба во мраз, правење скривалиште за преживување во текот на зимата, палење оган на ладното време и слично.
Хаваи – Скијање на вулкан
Маун Кеа е вулкан и се наоѓа на хавајскиот остров. Аранжманот нуди скијање на овој необичен вулкан, додека скијањето и сноубордингот се спроведуваат на личен ризик, со оглед на фактот дека падините не се одржуваат.
Либан – скијање на планина
Моžете да јадете мезе и да пиете арак на падините на планината Мзар, која се наоѓа на еден час возење од Бејрут. Ова одмаралиште има 15 патеки, штосе простираат на 80 километри.