Насилството во Авганистан во 2012 година е намалено

Од:

Насилството во Авганистан во 2012 година е намалено, но нараснал бројот на убиени припадници на авганистанските сили за безбедност, кои се повеќе се вклучуваат во борбените мисии, покажуваат податоците, цитирани од американските медиуми.

Во исто време значително се зголемиле убиствата на странски војници, извршени од луѓе од авганистанските сили за безбедност.

-Во целина ситуацијата се подобрува, изјави портпаролот на НАТО, Лестер Керол, потполковник од военовоздушните сили на САД.

Според портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана, генерал Мохамад Захир Азими, авганистанските сили сега одговараат за 80 проценти од мисиите поврзани со безбедноста, а се полошо опремени против најсмртоносното оружје на бунтовниците – подметнатите бомби.

-Нашите сили се на борбените летови и во зоните на судирите многу повеќе во моментов отколку во минатото, рече тој, посочувајќи ги причините за зголемувањето на жртвите меѓу авганистанските војници.

Американските медиуми водат секојдневна статистика за жртвите и нападите во Авганистан врз основа на соопштенијата на НАТО и авганистанските припадници. Според неа, во текот на оваа година во земјата загинале 394 странски војници, што е пад во споредба со 2011 година кога беа убиени 543. Најмногу жртви дале САД – 295, според податоците од сабота, следени од Велика Британија – 43.

Бројот на загинати во таканаречените внатрешни напади, во кои луѓе од авганстанските сили за безбедност убиваат странски војници, се зголемил од 35 минатата година на 61 во оваа 2012 година.

Од почетокот на годината биле убиени 1.050 авганистански војници, што е доста повеќе од минатата година.

За десетте месеци, од 21 март до сега, загинале 1.400 авганистански полицајци – приближно колку за дванаесетте месеци, од 21 март 2011 до 21 март 2012 година.

Авганистан го користи календарот во кој годината почнува на 21 март.

Според НАТО, бројноста на авганистанските сили за безбедност нараснала од 132.000 лица во март минатата година на 333. 000 во текот на овој месец.

Од почетокот на годината во напади на талибанците и другите борци загинале најмалку 822 цивили, а 119 мирни жители биле убиени во воздушни напади и други операции на НАТО. Тоа е намалување во споредба со минатата година, кога 1.151 цивили загинаа во бунтовнички напади, а 283 во операции на НАТО.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан