Ирачките Курди формираа Виш политички совет за преговори со Багдад по референдумот за независност

Од:

Во Ирачки Курдистан вчера беше формиран Виш политички совет, кој ќе се занимава со прашања поврзани со неодамнешниот референдум за независност.

Одлуката беше донесена на седницата на Вишиот совет за референдум, одржана во Ербил, под водство на лидерот на курдскиот автономен регион во Ирак, Масуд Барзани.

Оваа структура, во која членуваат претставници на сите курдски партии и етно-религиозни групи во регионот, се занимаваше со организацијата и одржувањето на референдумот на 25 септември. Откако ги исполни доделените задачи, Вишиот совет за референдум е распуштен и на негово место е формиран Виш политички совет на Курдистан-Ирак.

Над 92 отсто од избирачите гласаа за независност на Ирачки Курдистан.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак