Две лица загинаа, а двајца се повредени во експлозија во египетска коптска црква во Мисрата, трет по големина град во Либија.
Тоа беше соопштено од министерството за надворешни работи на Египет наведувајќи дека во денешната експлозија загинале двајца египетски државјани, кои работеле во црквата во подготовките за традиционалната новогодишна миса, пренесе АП.
Египетскиот амбасадор во Либија ја посети црквата по нападот и ги повика либиските сили за безбедност да обезбедат соодветна заштита на верскиот објект.
Неименуван либиски официјален претставник изјави дека во нападот е употребена бомба составена од експлозивен материјал кој се активира со детонатор.
Официјалното лице инсистираше на анонимност, бидејќи истрагата за овој инцидент е во тек.
Десетици илјади египетски работници се вратија на работа во Либија по граѓанската војна од минатата година и покрај безбедносни предизвици.