Екипата на Рома вечерва ја постигна првата победа сезонава во групата Ц од Лигата на шампионите. Рома славеше на гостувањето во Баку, против Карабах со 2:1 резултат постигнат во првиот дел. Рома поведе со голот на Костас Манолас во 7.минута, а на 2:0 зголеми Един Џеко во 15.минута. Домашниот тим успеа само да го намали водството во 28.минута преку Педро Енрике.
Рома има 4 бодови, додека Карабах и по два натпревара нема бод.
На другите натпревари кои се играат вечерва (почеток 20:45 часот) од 2.коло двојките се: ЦСКА Москва – Манчестер Јунајтед, Базел – Бенфика (А група), Андерлехт – Селтик, ПСЖ – Баерн,Атлетико Мадрид – Челзи (Ц група), Јувентус – Олимпијакос, Спортинг – Барселона (Д група).