Шкeндија го доби тетовското дерби против Ренова

Од:

Екипата на Шкeндија забележа победа против Ренова во тетовското дерби од 8.коло на Првата македонска фудбалска лига.
Шкендија ја победи Ренова со 2-0 со головите на Бесарт Ибраими во 6-тата и Ферхан Хасани во 34-тата мунита. Со новите три бода Шкендија се зацврсти на врвот на табелата.

Најефикасно на денешните средби беше во Прилеп, каде Победа го совлада Скопје со 4-2, иако домашните фудбалери постигнаа пет гола.

Стрелци на головите за победа беа: Благоја Гешоски (29-минута), Дарко Илиески (45), Дејан Цветановски (49) и Борче Маневски (0+3). За екипата на Скопје голови постигнаа, Милош Џугурдиќ (40), како и домашниот фудбалер Ристе Илијовски (55) кој со постигна автогол.

Дуелот на стадионот во скопската населба Чаир, меѓу Шкупи и Пелистер заврши нерешено 1-1. Гостите од Битола поведоа преку Оливер Пеев во 42-та, а израмни Ален Јашаровски во 69-тата минута.

Нерешено беше и на арената „Филип Втори“, но дуелот меѓу Работнички и Силекс заврши без голови 0-0.

Табела: Шкендија 22 бодови, Академија Пандев 14 (-1 натпревар помалку), Вардар 13 (-2), Шкупи 12, Силекс 10, Пелистер 9, Победа 8, Работнички 6 (-1), Ренова 6 и Скопје 3.

Средбата меѓу Академија Пандев и Вардар е одложена поради настап на македонскиот првак во Лига Европа, во која црвено-црните утревечер гостуваат во Трондхајм, Норвешка кај екипата на Розенборг.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он