Французинот Висам Бен Једер е првиот играч кој постигнал три гола за Севиља на еден натпревар во фудбалската Лига на шампиони. Тој синоќа во 2.коло од елитното натпреварување го предводеше својот тим до убедлив триумф над Марибор.
Три погодоци постигна и Хари Кејн за Тотенхем на средбата со АПОЕЛ по која англискиот тим заедно со Реал Мадрид водат во групата. Реал за прв пат забележа победа на гости кај Борусија Дортмунд.
Сигурни беа уште и Порто, Наполи, Манчестер Сити и Бешикташ.
Резултати од 2.коло во ЛШ во групите Е, Ф, Г и Х:
АПОЕЛ – Тотенхем 0:3,
Бешикташ – Лајпциг 2:0,
Борусија Дортмунд – Реал Мадрид 1:3,
Манчестер Сити – Шахтјор 2:0,
Монако – Порто 0:3,
Наполи – Феенорд 3:1,
Севиља – Марибор 3:0,
Спартак Москва – Ливерпул 1:1.
Табела Е група: Севиља 4 бода, Ливерпул 2, Спартак 2, Марибор 1.
Табела Ф група: Манчестер Сити 6 бода, Шахтјор 3, Наполи 3, Феенорд 0.
Табела Г група: Бешикташ 6 бода, Порто 3, Лајпциг 1 и Монако 1.
Табела Х група: Тотенхем 6 бода, Реал Мадрид 6, Борусија Дортмунд 0, АПОЕЛ 0.