Горан Станковски е новиот тренер на фудбалскиот клуб „Работнички“ кој ќе го замени Виктор Треневски.
По серијата слаби резултати, тимот на „Работнички“ се наоѓа на осмото место на табелата со само пет бодови и една победа од шест натпревари.
Слабиот пласман беше причината Треневски да си поднесе оставка и да замине од клубот по 13 месеци.
– Согласно слабите резултати на тимот и амбициите на клубот да биде меѓу позициите при врвот мислам дека треба јас да ја сносам одговорноста како шеф на стручниот штаб. Не тргнавме најдобро и во моментот е најважно да се направи еден „позитивен шок“, да си заминам. Тоа е моја одлука и секој тренер во еден ваков клуб треба да си ја понесе, изјави Треневски на денешната прес-конференција.
Станковски своето деби ќе го има в среда против Силекс кога се играат дуелите од 8.коло од Првата лига.