Два автобуса со шиитски верници беа уништени од експлозии во округот Мастунг во југозападната пакистанска провинција Белуџистан. Убиени се најмалку 19 луѓе и 25 се ранети, јави ДПА.
Двата автобуса се целосно уништени, и можно е бројот на жртви да биде повисок, јавуваат западни медиуми.
Според полициски извори, експлозивна направа најверојатно била поставена на мотор и активирана со далечински управувач.
Автобусите се враќале со верници од соседен Иран каде шиитите се мнозинство и каде се голем број верски места на шиитите. Меѓу повредените се и двајца полицајци и дел од обезбедувањето на автобусите кои патувале со полициска придружба.