Властите на Ирачки Курдистан не планираат да прогласат независност од централната Влада веднаш по завршувањето на денешниот референдум во курдските автономни области на Ирак, изјави премиерот на Ирачки Курдистан Нехриван Барзани.
Тој додаде дека Курдите десетици години се фактор на стабилност и оти и на тој начин ќе продолжат.
– Ербил инсистира на дијалог со Багдад, истакна Нехриван Барзани за курдската телевизија „Рудау“.