Над пет милиони луѓе денеска ќе одговорат на референдумското прашање „Сакате ли реонот Курдистан и курдските зони околу него да станат независна држава?“
На 12.072 избирачки места гласаат 5.375.000 милиони граѓани со право на глас од вкупното население во Ирачки Курдистан од 5,6 милиони луѓе.
Референдумот го следат повеќе од 400 меѓународни набљудувачи и над 600 новинари, од кои една третина се од странски медиуми.
Покрај во трите курдскии провинции Ербил, Сулејманија и Дахук се гласа и во спорните територии помеѓу Ербил и Багдад, посебно и во Киркук, провинција богата со нафта, која е под контрола на пешмергите.
Избирачките места ќе бидат затворени во 18 часот по локално време (17 часот по средноевропско време), а официјалните резултати ќе бидат познати во рок од 72 часа.
Курдите од дијаспората исто така имаат право на глас и тие од пред два дена ги испраќаат електронските избирачки ливчиња.