Најмалку пет луѓе денеска загинаа, а 35 се повредени при експлозија во еден автобус во пакистанскиот град Карачи.
Експертите за демонстирање на бомби се обидуваат да утврдат дали причината за експлозијата е бомба или резервоарот за гас.
Карачи подолг период се соочува со екстремизам, политичко и верско насилство.
Според податоци на пакистанските власти, околу 35.000 луѓе загинаа во Пакистан како последица на тероризмот, по нападите од септември 2001 година и инвазијата на коалициските сили предводени од САД во соседен Авганистан.