Европол: Во заедничка акција уапсени 53 криминалци на „даркнет“

Од:

Педесет и тројца криминалци активни на „даркнет“ уапсени се во заедничка акција на седум држави членки на ЕУ, во соработка со Европол. Уапсените биле вмешани во зделка за купување и продавање фалсификувани банкноти во евра на илегалните пазари на интернет „Алфа Беј“ и „Ханса маркет“.

Во успешно изведената акција, во која учествуваа Австрија, Чешка, Франција, Германија, Грција, Словачка и Шпанија, идентификувани се и уапсени 53 криминалци, а при 77 рации во Европа запленети се 2.049 фалсификувани банкноти во евра, соопшти денеска Европол.

– Одличните резултати од акцијата се доказ дека анонимноста на „даркнет“ веќе не постои. Со заедничко дејствување, европската заедница за спроведување на законите, во координација со Европол, испрати јасна порака дека имаме начин да ги идентификуваме криминалците и да возвратиме на ударот, дури и во областа на „дарк вебот“, се наведува во соопштението.

Ооперацијата била спроведена во периодот од мај до јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски

Лажни покани за наводна истрага, измамници се претставувале во име на МВР и ЕВРОПОЛ

Карабинерите открија печатница за фалсификувани пари

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени