Фудбалерите на Работнички во натпревар од 6.коло од Првата лига попладнево ја постигнаа првата победа сезонава. Триумфот е уште позначаен бидејќи е постигнат на гости, а противникот Победа на полувреме водеше со 2:0. Работнички натпреварот го доби со 4:2.
Лидерот на табелата Шкендија со убедливи 5:0 го совлада Силекс, додека во градското дерби Шкупи славеше над Скопје со 1:0.
Првакот Вардар на стадионот во Маџари како домаќион ја совлада Ренова со 2:1, додека Академија Пандев пред своите навивачи во Струмица го победи Пелистер со 2:0.
Табела: Шкендија 16 бодови, Академија Пандев 11, Вардар 10, Шкупи 10, Пелистер 8, Силекс 6, Работнички 5, Ренова 5, Победа 5 и Скопје 3.