Вардар се сели од арената „Филип Втори“ поради високите цени за изнајмување

Од:

Фудбалскиот шампион на Македонија ФК Вардар ги откажа настапите на Националната Арена „Филип Втори“ и натпреварите од домашното првенство како домаќин ќе ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари. На ваков чекор „црвено-црните“ се решаваат на високите цени за изнајмување. Дуелот од 6.коло од Првата лига со Ренова во среда (20.септември) Вардар ќе го игра токму на стадионот во Маџари.

За натпревар од домашната лига и куп дневен термин изнесува 3.000 евра со ДДВ, додека ноќниот термин е двојно поскап.

Од Вардар претходната недела на прес конференција реагираа и за високите цени и за европските натпревари, но дуелите од Лига Европа на УЕФА мора да ги играат на „Арената“ од причина што само тој стадион ги исполнува строгите норми на УЕФА.

Покрај Вардар домашните натпревари надвор од „Филип Втори“ ќе ги игра и екипата на Работнички, која како домаќин ќе го користи стадионот во Ѓорче Петров.

Од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор пак за утре најавија заеднички работен состанок со цел надминување на настанатата ситуација.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он

Пораз на македонските фудбалерки од Северна Ирска

А1он