ВМРО-ДПМНЕ: Економијата е во слободен пад, а цехот ќе го платат граѓаните

Од:

„Владата на СДС ја крахираше економијата. Таа е во слободен пад. А цехот за неодговорното управување и неспособноста на владата на СДС ќе го платат граѓаните.

Како ќе оди економијата нагоре кога извозот паѓа, странските инвеститори се бркаат, криминалот и корупцијата го гуши општеството.

Откако е на власт расипничката влада на Зоран Заев за прв пат после подолг период имаме пад на просечната плата за 0.7% и пад на индустриското производство 2,2%.

Неспособниот СДС со неговите погрешни економски политики ни донесе и пад на извозот за јуни и јули и тоа 12%, односно 52 милиони евра.

Во овие три месеци СДС не само што не донесе нити една инвестиција туку носи и мерки кои ги тераат странските инвеститори да почнат да размислуваат да ја напуштат Македонија и да заминат во други земји од регионот, а со тоа се ризикува без работа да останат 25.000 граѓани.

Единствено што расте се цените и трошоците за живот на граѓаните на Република Македонија. Ветуваа живот, а донесоа беда и сиромаштија. Крајот на ова недомаќинско работење на владата на СДС и Заев ќе заврши на претстојните локални избори на 15-ти октомври кога граѓаните ќе ги казнат ваквите погубни политики на Заев и СДС“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија