САД ги повикаа ирачките Курди да се откажат од референдумот за независност

Од:

Белата куќа синоќа оцени дека планот на властите на автономниот регион Ирачки Курдистан за организирање референдум за независност, ќе има негативни последици врз напорите за уништување на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и ги повика да се откажат од идејата за вакво референдумско изјаснување.

– Ја повикуваме регионалната Влада на Ирачки Курдистан да се откаже од референдумот (за независност) и да започне сериозен дијалог со Багдад, кој САД се подготвени да го помогнат, се наведува во соопштение на Белата куќа.

Реакцијата на Вашингтон уследи откако Парламентот на Ирачки Курдистан вечара го одобри планот за одржување референдум за независоност на регионот на 25 септември.

Владата во Багдад е против ваквиот референдум и смета дека одлуката на властите на Ирачки Курдистан е незаконска и во спротивност со Уставот на Ирак, кој на Курдите им гарантира широка политичка и економска автономија во деловите на земјата во кои се мнозинство.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија