Инцидентот во Лондон се истражува како можен терористички акт

Од:

Експлозијата во подземната железница на лондонската мрежа „Тјуб“, која се случи за време на утринскиот сообраќаен метеж се истражува како акт на тероризам, соопшти лондонската полиција.

Заменик помошникот-комесар Нил Басу, висок државен координатор за полициско дејствување против тероризмот, потврди дека експлозијата се третира како „терористички инцидент”.

Властите потврдија дека неколкумина патници биле повредени утрово на станицата „Парсонс Грин“ во југозападниот дел на Лондон. Очевидци тврдат дека дел од патниците се здобиле со изгореници на лицето и рацете, како и дека на некои „им отпаднала косата“.

Локалните медиуми јавуваат дека има повредени и во стампедото кое настанако како резултат на паниката, после експлозијата. Претставник на службите за брза помош, соопшти дека некои лица биле третирани поради преживеаниот шок.

Утрово во 8.20 часот избувна експлозија во последниот вагон од подземниот воз, во кофа која обично ја користат градежните работници, а во која имало оставена бела брендирана кеса. На фотографијата која се споделува на социјалните мрежи, се гледа дека од кофата излегуваат и жици.

Дел од очевидците тврдат дека прво чуле истрел или некаков силен удар, а потоа почнал да се шири непознат гас. Други очевидци велат дека чуле некаков тивок, придушен но константен звук, по што се појавил оган. Потоа огнот продолжил да се движи кон патниците, а тие тргнале да бегаат кон излезот, „газејќи едни други“.

Лондонските медиуми не ја исклучуваат можноста дека станува збор за два различни инциденти.

Полицијата ги советуваше луѓето да го избегнуваат западниот дел на Лондон. Кордон е воспоставен на околу 150 метри околу станицата.

Операторот на лондонското метро соопшти дека возовите на целата линија се сопрени.

Лондонската подземна железница беше цел на серија координирани самоубиствени бомбашки напади на 7 јули 2005 година, при што загинаа 52 лица, а стотици беа повредени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Радиоактивен отпад пронајден во лондонската населба Хамерсмит

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Аеродромот Гетвик итно e евакуиран поради безбедносен инцидент

Горан Наумовски

Затворена е амбасадата на САД во Лондон, одекна експлозија

Горан Наумовски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он