Тунижанките кои веруваат во исламот, добија право во земјата да стапат во брак со мажи од друга вероисповед, наведе на Фејсбук Сајда Гараш, портпаролката на Кабинетот на претседателот на Тунис.
– Сите текстови кои се поврзани со забраната за склучување на брак меѓу Тунижанка и странец, се укинати. Им честитам на жените во Тунис за правото на слобода да го избираат нивниот брачен партнер, напиша Гараш.
На 13 август претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси изјави, дека побарал од Владата да го укине нормативниот акт што не дозволува брак меѓу туниска муслиманка и лице што не верува во исламот, што датира од 1973 година.