Непоразените Словенија и Шпанија во борба за финале на Евробаскет 2017

Од:

Првото полуфинале на Европското првенство во кошарка вечерва во Истанбул, со почеток во 20:30 часот, го играат непоразените селекции досега Словенија и Шпанија, која е актуелен европски шампион.

За Шпанија ова ќе биде 10-то последователно полуфинале на ЕП, додека Словенија го повтори успехот од 2009 година кога беше во оваа фаза на натпреварувањето.

Браќата Гасол и Рики Рубио со своето НБА искуство се предводници на шпанскиот тим, додека кај Словенија ветеранот Горан Драгиќ и младиот Лука Дончиќ се предводници на тимот.

– Шпанија е фаворит, но ние не се плашиме од никого. За ваков натпревар не е потребен мотивациски говор. Кошаркарите мора да бидат како еден. Треба што е можно помалку да мислиме на претходните седум победи. Целиот тим на Шпанија има многу повеќе искуство, изјави селекторот на Словенија Игор Кокошков.

Во второто полуфинале утре ќе играат Русија и Србија.

Би можело да ве интересира

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!

Фонтекио „трагичар“ на Италија, Французите во полуфинале на Евробаскетот

Ниту Јокиќ не е доволен – Италијанците ги „нокаутираа“ првите фаворити Србија!

Црногорците преку Грузија со осминафинален билет на Евробаскет

Литванците со триумф над БиХ се протнаа во осминафиналето на Евробаскет

Заврши Евробаскетот за Адам Ханга