Министерот Сугарески се сретна со црногорскиот амбасадор Митровиќ

Од:

Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска имаше работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.

На средбата, како што соопшти Mинистерството за транспорт и врски, се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави на зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Црна Гора.

Министерот Сугарески го запозна амбасадорот Митровиќ со ифраструктурните проекти што се реализираат во земјава, како и со реформите што се спроведуваат во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.

– На средбата разговаравме на теми што се однесуваат на двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и се надевам дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на понатамошната соработка, посебно во делот на зголемување на економските односи, се вели во соопштението од Mинистерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска