Одбранбениот фудбалер на АПОЕЛ од Никозија, Роберто Лаго е бесен на судијата Беноа Бастиен кој ја делеше правдата на синоќешниот дуел против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Во 51. минута, судијата им досуди пенал на домаќините со објаснување дека Лаго со рака. Според Шпанецот, сепак, не постоело такво нешто.
Од пеналот Роналдо зголеми на 2:0 и ги сруши сите надежи на кипарскиот состав дека може да дојде до поволен резултат.
– Смешно е кога гледате како Реал Мадрид и Барселона се жалат на судиите, рече фудбалерот на АПОЕЛ, кој дел од својата кариера настапуваше во Примера за екипите на Селта и Хетафе.
Лаго, исто така, откри дека по средбата на „Бернабеу“, Кристијано Роналдо му признал дека немало пенал. Арбитарот главно молчеше за спорната ситуација. Роналдо призна дека немаше погодок и во 46. минута, кога судијата не правилно го посочи центарот, но со помош на гол-технологијата неправдата беше исправена.
АПОЕЛ го загуби натпреварот со 0:3.