Актуелниот европски шампион Реал Мадрид со убедлива победа над АПОЕЛ ја почна новата сезона во Лигата на шампионите на УЕФА.
Предводен од својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо кој постигна два гола, „кралевите“ рутинирано го освоија првите три бода во Х-групата.
Најубедливата победа синоќа ја оствари Манчестер Сити, а во дербито на вечерта Тотенхем беше поуспешен од Борусија Дортмунд. Третиот англиски клуб Ливерпул на домашен терен ремизира со Севиља.
Најголемото изненадување го направи Шахтјор кој успеа да го победи Наполи.
Група Е: Ливерпул – Севиља 2:2, Марибор – Спартак Москва 1:1
Група Ф: Фејнорд – Манчестер Сити 0:4, Шахтјор – Наполи 2:1
Група Г: Порто – Бешикташ 1:3, Лајпциг – Монако 1:1
Група Х: Реал Мадрид – АПОЕЛ 3:0, Тотенхем – Борусија Дортмунд 3:1.