Хасина: Мјанмар треба да ги прими назад сите пребегани Рохинџи

Од:

Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина изјави денеска дека Мјанмар треба да ги прими назад сите, стотици илјади бегалци, припадници на муслиманската заедница Рохинџи, кои пристигнаа на бангладешката територија по насилствата, што минатиот месец избувнаа во мјанмарската северна провинција Ракхајн.

Хасина за време на посетата на еден бегалски камп, побара од властите во Јангон на сегашната ситуација да гледаат од нејзината хуманитарна страна.

– Сега страдаат невини луѓе и тоа треба да запре, изјави бангладешката премиерка.

Околу 370.000 Рохинџи ја имаат поминато границата меѓу двете соседни земји, во обид да се спасат од насилствата.

– Овие луѓе се невини жртви на насилствата. Станува збор за деца и за жени кои страдаат. Овие луѓе припаѓаат на Мјанмар, зашто со стотици години таму живеат. Како сега во Мјанмар може да тврдат дека овие луѓе не се нивни жители, истакна Хасина.

Таа додаде дека Бангладеш може да им пружи засолниште додека Мјанмар не ги прими назад.

Рохинџите бегаат во Бангладеш уште од седумдесетите години на 20 век, па само во два бегалски кампа на територијата на оваа земја, има над 32.000 припадници на оваа муслиманска заедница.

Властите во Мјанмар меѓутоа тврдат дека тие не се малцинска група на нејзината територија, туку само илегални бегалци кои се населуваат во северозападната провинција Ракхајн, каде мнозинството од населението се локални будисти.

Мјанмарската армија ги отфрла обвинувањата на меѓународната заедница за насилствата што се вршат врз цивилите, тврдејќи дека војуваат само против милитантните Рохинџи кои на 25 август, убија 25 полицајци, во една полициска станица во провинцијата.

Странските набљудувачи и медиуми меѓутоа обвинуваат дека војската поставува нагазни мини долж границата, за да се спречи враќање на муслиманското население во Мјанмар и дека на десетици луѓе веќе се осакатени и тешко повредени.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени