СДСМ: Владата ја исправи неправдата кон пензионерите со спроведување на законско усогласување на пензиите согласно растот на трошоците

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Антонијо Милошоски на која што тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за зголемување на пензиите.

„ВМРО-ДПМНЕ или пласира лажни вести или не престанува со своето лицемерно однесување. Токму ВМРО-ДПМНЕ ги обесправи пензионерите со тоа што им го скрати правото за законско усогласување на висината на пензијата со трошоците за живот.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не го ускратуваше законското усогласување на пензиите, денес, пензионерите ќе имаа и повисоки пензии но наместо тоа, ВМРО-ДПМНЕ си поигруваше со животниот стандард на пензионерите.

Показател за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижеше за пензионерите, се долговите на фондот за ПИОМ и фактот што поранешната Влада во Буџетот не предвидела средства за покачување на пензиите. Наместо тоа партијата мислеше единствено на криминалните апетити на Никола Груевски.

Новата Влада предводена од СДСМ ја исправи неправдата кон пензионерите. Се спроведува законското усогласување на пензиите согласно растот на трошоците на живот и покачувањето на платите и по тој основ пензионерите ќе добијат дополнителни 2.160 денари за цела 2017 година, за просечна пензија“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија