Кутињо се враќа во составот, ќе игра против Севиља

Од:

Филипе Кутињо наскоро ќе се врати на теренот во дресот на Ливерпул, објавија англиските медиуми.

Бразилецот својот прв настап во новата сезона за „црвените“ треба да го забележи в среда во рамките на Лигата на шампионите против Севиља.

– Кутињо имаше неуспешен обид за трансфер во Барселона. Тој побара до раководството на клубот да го пушти во каталонскиот клуб, одреден период не тренираше со екипата поради наводна повреда, а играше за репрезентацијата на Бразил. Сепак помина без санкција во Ливерпул. Менаџерот Јирген Клоп потврди дека ќе го врати во тимот за средбата со Севиља.

Кутињо ќе му биде повеќе од потребен на Клоп за следните средби во Премиер лигата и поради црвениот картон на Мане на дербито со Сити по што го очекува суспензија од неколку натпревари.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска